Првиот електричен теренец на Škoda ќе се вика Enyaq
Škoda го откри името на својот прв производствен автомобил на електрична енергија
Електричниот теренец Enyaq ќе биде поставен на модуларната МЕВ механичка платформа на Volkswagen, дизајнирана исклучиво за електрични возила, како што е компактниот Volkswagen ID.3.
Со лансирањето на Enyaq, Škoda ќе воспостави нова номенклатура на возилата во својот опсег. Така, електричните модели симболично ќе ја имаат почетната буква Е во името, додека буквата П на крајот на името означува дека станува збор за теренец, како што се Кодијак, Карок и Камик.
Повеќе детали за Škoda Enyaq се очекуваат во наредниот период, бидејќи премиерата на ова возило е најавена за 2020 година.