Новиот Sorento својата премиера пред публика ќе ја има на авто салонот во Женева на почетокот од следниот месец

Kia во најавите веќе ја откри естетиката на екстериерот, а со новите фотографии на своите фанови сега ја открива и внатрешноста на моделот кој на глобално ниво е од големо значење за брендот. Новиот Sorento е пред премиера, а судејќи според најавите, ќе ги следи стапките на поголемиот Telluride.

Четвртата генерација покрај маркантниот изглед донесува значителен исчекор во салонот. Не само во споредба со претходникот, туку и со директната конкуренција. Производителот ја опишува со мотото „функционални чувства“, а кои велат дека се усогласени естетиката и функционалноста. Како и да е, новиот Kia Sorento има дигитален кокпит со 12,3-инчен екран и инфо-забавен екран од 10,25-инчи. Тука е уште еден екран за климатизацијата.

Исто така, интересно е и решението за контрола на менувачот, кое добило кружен механизам, не баш типично за автоматскиот менувач. Помалиот кружен прекинувач е за прилагодување на подвозјето во зависност од подлогата.

Сè на сè, може да се каже дека новиот Sorento со дизајнот, квалитетот на изработка и понудата на опрема сигурно нема да разочара.

Loading...