Паралелно со Superb, Škoda го претстави и својот прв целосно електричен модел

Citigo-e iV се базира на веќе добро познатиот мал градски модел на Škoda. Електричниот мотор произведува 83 КС со 210 Nm вртежен момент, а автономијата помеѓу две полнења е 265 км.

Електричниот Citigo од 0-100 km/h забрзува за 12.5 секунди, а максималната брзина му е ограничена на 130 km/h.

Производител тврди дека батеријата до 80% од капацитетот се полни за 60 минути со помош на брз полнач односно за четири часа преку стандарден домашен полнач.

Чешката компанија тврди дека цената на нивниот прв електричен модел нема да надминува 20.000 евра.