Официјалната презентација на новата Серија 7, за која се тврди дека е рестилизирана верзија на сегашната генерација, требаше да се одржи следната недела, но првите фотографии веќе стигнаа до јавноста, па одложувањето на премиерата се чини е безпредметно

По неколкуте слики кои се појавија на Twitter, на веб конфигураторот на компанијата во еден момент се појави и можност за конфигурирање на новата Серија 7, во различни изданија, за подоцна истата можност да биде отстранета

Прикажани беа следните верзии во бела боја: M760Li, 750Li M Sport и 750Li.

Официјални фотографии веројатно ќе следат набргу.