Mercedes официјално го претстави целосно новиот CLA Coupe на саемот за потрошувачка електроника во Лас Вегас (СЕЅ 2019)

Новиот компактно купе со четири врати е долго 4.688 mm и широко 1.830 mm, што го прави за 48 mm подолго и 53 mm пошироко од својот претходник, За 30 mm подолго е и меѓуоскиното растојание. Како што и се очекуваше, акцентот е даден на повеќе простор во салонот.

Втората генерација на CLA во Лас Вегас дебитираше во форма на CLA 250, што значи дека погонот е 2.0-литарски 4-цилиндерски турбо бензинец со 225 КС и 350 Nm вртежен момент. Преносот е автоматика со двојна спојка и седум брзини.

На претставувањето Mercedes не го прецизираше останатиот дел од моторната гама, велејќи дека истата ќе ги вклучи повеќето мотори што се нудат со А-класата, заедно со изборот помеѓу мануелна или автоматска трансмисија како и опцијата за погон на четири тркала 4Matic all-wheel.

Динамиката на возење сега игра голема улога во новата CLA; предните и задните траги се пошироки за 63 mm напред и за 53 mm во задниот дел, во споредба со претходниот модел, а комбинирано со понизок центар на гравитација. Од Mercedes велат дека новиот CLA Coupe е најинтересниот член на компактната понуда на компанијата до денес.

Моделите како CLA 250 кои се изложени на CES ќе доаѓаат со раздвоена задна мулти линк суспензија за намалена бучава и вибрации, опционални адаптибилни амортизери…

Од Mercedes велат дека напорно работеле на аеродинамиката на новата CLA класа. Крајниот резултат е коефициент на отпор од 0,23. Ова е успех и покрај тоа што кај претходникот овој коефициент изнесува 0.22, бидејќи новиот CLA има значително поголема фронтална област.

Како што и се очекуваше, новото CLA Сoupe ја дели истата внатрешна архитектура со A-Class, со, се разбира, најновиот MBUX инфо-забавен систем со двоен дисплеј и напредна функција за гласовни команди наречена „Hey Mercedes“.

Што се однесува до комплетот за активна безбедност, листата е прилично долга; новото Mercedes CLA Coupe примил многу системи кои првично дебитираа во S-класата, вклучувајќи и полуавтономна функција, Active Emergency Stop Assist, Active Lane Change Assist, Active Brake Assist и многу повеќе.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”16PhB5qLBlmA9tVjg6SWgAyj0Cm1grmBc” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Продажбата на новотоMercedes CLA Coupe ќе започне овој мај во Европа, додека американскиот пазар ќе го добие на крајот од 2019 година.