Нормално, првите фотки се појавија на социјалните мрежи

Судејќи според коментарите на Germancarforum, каде првично се објавија фотографии од обновената Серија 5, во BMW завршиле одлична работа.

Редизајнот значи усогласување со остатокот од гамата, а тоа пред се се однесува за новиот дизајн на т.н. бубрези и светлата, за кои многумина велат дека се најдобро погодени во премиум светот. Назад има нова графика на светлата, додека страничната силуета открива нов дизајн на фелните.

Поостриот и поагресивен дизајн доби позитивни коментари и кај Серија 3, така што нема сомнеж дека истите оцени ќе се повторат и кај овој модел. Она што останува под прашалник се наоѓа под лимот, односно останува големо прашање за тоа што подготвиле баварците за да ја издвојат петката од конкурентите.

Споредба на актуелната генерација и рестилизиранта верзија за 2021 година