Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ годинава по 25. пат го организираше изборот кој е најстарата манифестација од ваков вид во Македонија.

Од моделите пристигнати на македонскиот пазар помеѓу двата избора, Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ согласно Правилникот за работа и критериумите на изборот, одреди шест (6) финалисти кои оваа година конкурираа за титулата „Автомобил на годината во Македонија за 2020“.

Победникот како награда добива стилизирана маска на ладилник, авторско дело на Валентин Ширилов, направено специјално за Изборот на автомобил на годината во Македонија уште од 1995 година.

Листа на финалисти ја сочинуваа:

Kia xCeed
Toyota RAV4
Opel Corsa
Mazda 3
BMW 1
SsangYong Korando

Право на глас имаа и финалистите, кои можеа да гласаат за еден кандидат, освен за сопствениот модел. Возилото што доби најмногу гласови од финалистите освојува еден (1) глас кој е рамноправен со гласовите на членовите на жирито.

По анализатa на сите својства на возилата кои беа избрани како финалисти и по практичното запознавање со возните карактеристики, членовите на Националното жири за избор на автомобил на годината во Македонија, титулата ја додели на

Opel Corsa

 Во образложението на жирито се вели:

„Corsa како прв сосема нов модел откако Opel стана дел од семејството на PSA во целост ги оправда очекувањата. Современиот изглед и модерните технологии меѓу кои и електричната погонска група ѝ даваат предност во настапот на пазарот, посебно во земји како Македонија каде купувачите ќе ги освојува и со атрактивната цена“

При изборот на Автомобилот на годината Националното Жири се раководело од шест критериуми:

– адекватност и понуда на домашниот пазар
– економичност и еколошка прифатливост
– безбедност и примена на технолошки достигнувања
– возни својства
– дизајн
– комфор и опременост

Секој член на Жирито има на располагање 120 бодови што треба да го распредели на моделите финалисти.

Победничкото возило Opel Corsa добило 110 бодови од жирито (4 гласа), пред Mazda 3 со 86 и Toyota RAV 4 со 81 бод.

Гласот од финалистите годинава го доби моделот MAZDA 3. Од шесте финалисти за моделот Mazda 3 гласале три (3) со што овој модел доби еден рамноправен глас при гласањето.

Признание СУВ на годината

Toyota RAV4

„Со петтата генерација, Toyota како наново да го лансираше RAV4. Тој сега е попростран и поудобен, со помоќен изглед и нови технологии спакувани во една урамнотежена целина со избалансирана цена. Вниманието на купувачите го привлекува и со хибридниот мотор кој ги замени дизелите. Целокупно гледано, RAV4 со многу свои особини се издвојува од бројната конкуренција во класата која своевремено токму тој ја популаризираше.

 Признание „Томислав Биљарац“

Националното Жири за Избор на автомобил на годината во Македонија годинава по третпат го доделува и признанието „Томислав Биљарац“, во чест на доајенот на македонското автомобилско новинарство, основач и прв претседател на Националното жири за Избор за автомобил на годината во Македонија.

Наградата се доделува за посебни придонеси и резултати во автомобилската индустрија.
Одлуката на Националното Жири за избор на автомобил на годината во Македонија е признанието „Томислав Биљарац“ за 2020 година да биде доделена на

 Славка Каленикова

 Досегашни носители на признаието Томислав Биљарац“

Владимир Воиновски
Стерули Бураку

 Досегашни победници во изборот за „Автомобил на годината во Македонија“

1996 Fiat Bravo/Brava
1997 Renault Megane
1998 Opel Astra 1998
1999 Skoda Octavia
2000 Fiat Punto
2001 Seat Leon
2002 Toyota Corolla
2003 Mazda 6
2004 Mazda 3
2005 Seat Altea
2006 Vоlkswagen Passat
2007 Opel Corsa
2008 Kia Cee`d
2009 Volksvagen Golf VI
2010 Opel Astra IV
2011 Hyundai iX35
2012 Кia Rio
2013 Seat Leon
2014 Skoda Octavia
2015 Ford Mondeo
2016 Skoda Superb
2017 Kia Sportage
2018 Dacia Duster
2019 Ford Focus