Превртување со 200 km/h: Видео од полициската потера по крадец на Range Rover
За време на бркотницата во автомобилот имало и куче, кое сопственикот го оставил на задното седиште
Британската полиција објави видео од потера по крадец на автомобили, а инцидентот се случил минатата недела во Северен Дафилд.
„Главната улога“ ја одиграл серискиот крадец на автомобили Николас Оукланд (30), кој овој пат решил да украде Range Rover.
Додека сопственикот на автомобилот, Метју Вилсон, бил во продавница, Оукланд ја искористил приликата да му го украде неговиот Range Rover, но полицијата набрзо му влегла во трага.
По бројни опасни ситуации, возејќи со брзина од речиси 200 km/h, крадецот на крајот излетал од патот и завршил на покривот.
По приведувањето, полицијата открила дека во автомобилот имало и доберман, кој сопственикот го оставил на задното седиште, а крадецот не го ни забележал.