VW Golf е најновото дополнување на пазарот на блиндирани возила

Злобниците ќе кажат дека со оглед на цената, Golf сега припаѓа на ексклузивното друштво на скапи автомобили, кои ги возат оние со подлабок џеб, па не треба да чуди што се нуди и блиндирана верзија. Сепак, работите стануваат појасни кога ќе кажеме дека блиндираниот Golf го нуди компанијата Armormax од Јужноафриканската Република.

Редизајнираниот Golf може да издржи напади од повеќето пешадиски оружја кои најчесто се користат за време на напади и обиди за киднапирање. Степенот на заштита за кој станува збор е Б4, кој обезбедува основна заштита од куршуми од пиштол и сачма муниција.

Посебно е интересно што Golf по модификациите или додатоците тежат само околу 180 килограми, така што по правило нема никакви последици во однос на перформансите, а не се потребни никакви измени на суспензијата и сопирачките. Најдобро од сè, автомобилот изгледа како обичен Golf без оклоп и како таков не се истакнува на патот.

Преработката вклучува замена на сите прозорци со Optima балистичко стакло, додека страничните панели, покривот, носачите и задните седишта се покриени со заштитна балистичка ткаенина. Автомобилот е опремен и со радио систем push to talk.

Оклопниот Golf 8 GTI, придвижуван од 2.0 TSI со 241 КС и 370 Nm, чини околу 100.000 евра со целата опрема. Во моментов се достапни двa примероци.