Некои осигурителни компании за моторни возила казните ги вклучуваат во пресметската за премија

BMW e на четвртото место, Porsche воопшто го нема на листата, додека возачите на Audi се оние кои имаат најмногу казни. Порталот за споредба на цени и услуги за осигурување Verivox, ги употребил договорите за осигурување за да анализира кои модели на автомобили се возат од возачи кои добиле најмногу казнени поени за сообраќајни прекршоци.

Иако Porsche е симбол за моќ и брзина, очигледно неговите возачи тоа можат да го држат под контрола, затоа што меѓу десетте модели на автомобили со кои германските возачи собрале најмногу казнени поени, нема ниту едно Porsche. Од друга страна, податоците за порталот покажуваат дека неколку модели на Audi се меѓу оние чии возачи собираат најмногу негативни поени во однос на просекот. Тоа се моделите A5, A6, Q5 и TT.

„Уделот на собирачи на казнени поени е најголем кај Audi Allroad Quattro, 96 проценти над просекот за сите модели. Следи Audi A5 со 66 проценти и Škoda Superb со 57 проценти над просекот – вели Волфганг Шуц, извршен директор на Verivox Versicherungsvergleich GmbH.

На четвртото место е BMW Серија 5, а на петтото Mercedes CLK. Патем, пописот на „грешници“ е цврсто во германски раце. Меѓу првите десет е само еден странски модел – Volvo V70 на осмото место (тука се уште Audi TT, Audi A6, BMW Серија 3 и Audi Q5).

Некои осигурителни компании за моторни возила казните ги вклучуваат во пресметската за премија

„Возачите треба да дадат апсолутно точни информации за нивните негативни поени при склучување договор за полиса за осигурување“, вели Волфганг Шуц. „Ако мамите кога склопувате договор за осигурување, ризикувате и парична казна во случај на штета“.