Цената секако е одлучувачка, но не само тоа важно при купување на автомобилот од оваа класа

Пред неколку години маркетолозите од автомобилските компании направија генијален потег, кога го измислија терминот кросовер. Така на база на автомобилите од B и C-сегментот масовно почнаа да се појавуваат нови модели, кои добија поголемо растојание од тлото и систем за погон на четири тркала. Реално нивните off-road способности не се нешто импресивно, но тоа и не е најважното нешто во случајот.

Истите маркетолози подготвија нов „удар“ со воведување на нов концепт или „кросовер со преден погон“. Во оваа класа влегоа некои од претходните модели, од кои беше тргнат погонот на четири тркала, како и автомобили само со преден погон, секако со повисоко тло. И побарувачката за нив постојано се зголемува.

Е сега, тука се поставува логично прашање: „Што е поентата да имаш кросовер со 4х4, ако за помалку пари можеш да има сличен модел само со преден погон?“ Предноста е јасна – погонот на четири тркала во некои ситуации е непроценлив, но какви се недостатоците?

Ова се 11 причини зошто кросовер само се преден погон би можел да биде подобар избор.

1. Моделите со преден погон се значително поевтини од оние со 4×4. Притоа тој може да се добие во базна верзија, додека со 4х4 достапни се само моделите со средни и високо ниво на опрема.
2. Моделите со преден погон се многу полесни од оние со погон на двете оски. Помалата тежина овозможува подобро забрзување и кочење во урбани услови, што резултира со помало абење на компонентите.
3. Моделите со преден погон се поевтини за експлоатација. Потрошувачката на гориво е помала, а тоа секако не е за занемарување ако се земе во предвид постојаното зголемување на цените на нафтените деривати. Во овој случај, тежината на кросоверот е одлучувачка.
4. Моделите со преден погон се поевтини за сервисирање. Отсуството на некои агрегати го поедноставува, поевтинува и забрзува процесот на одржување. Да, маслото во менувачот кај модел со 4х4 може да не менува толку често, но проверката на нивото во редукторите е работа за која во сервис земаат пари.
5. Во повеќето случаи автомобилите со преден погон споредбено со нивните аналози со 4х4 забрзуваат побрзо.
6. Моделите со преден погон се помалку подложни на дефекти – колку помали агрегати и детали, толку шансите за дефект се помало.
7. Моделите со преднен погон создаваат помаа бучава и помалку вибрации. Причината е иста – помалку детали.
8. Моделите со преден погон имаат поголема моќност на моторот. Ова се должи на фактот – помало оптоварување.
9. Каросеријата и суспензијата на возилата со преден погон се помалку подложни на влијанија во споредба со моделите со 4х4 при еднаква километража
10. Однесувањето на возилото со преден погон на лизгав пат е попредвидливо, отколку тоа на кросовер со 4х4, бидејќи при нагло заклучување на управувачкиот систем на задната оска возачот може да остане изненаден.
11. Моделите со преден погон не создаваат илузија кај возачите дека возилото може да се справи со секаков терен, за разлика од моделите со 4х4.

Секако конечниот избор е на вас.