По првите неофицијални фотографии кои го открија појавувањето на новата генерација на моделот Santa Fe, Hyundai официјално го претстави ова возило во Јужна Кореја

Hyundai Santa Fe за 2019 година, според дизајнот на екстериерот, наликува на најмалиот SUV модел во гамата, моделот Konа, но исто така и на новиот Nexo кросовер на водородни горивни ќелии.

Фаровите се екстремно тенки и визуелно поврзани со декоративна лајсна која ја одвојува хаубата од решетката на ладилникот. Дневните LED светла се издвоени и сместени во можеби пренагласените отвори на браникот.

Внатрешноста се карактеризира со минималистички дизајн и со голем екран на допир кој се наоѓа на врвот на централната конзола.

Седиштата, командната табла и тапацирот на вратите се прекриени со кожа, а возилото е опремено со осум-брзински автоматски менувач, кој ќе биде стандард за корејскиот пазар.

Повеќето контроли и функции се префрлени на екранот на допир, а како физички команди се контролорите на клима уредот.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

Hyundai новиот Santa Fe во Кореја ќе го понуди со три мотори – 2.0 бензин, како и 2.0 и 2.2 дизел. Почетната цена на корејскиот пазар е околу 21.500 евра.