Долго најавуваниот кросовер-кабрио својата официјална светска премиера пред публика ќе ја има во септември на Саемот за автомобили во Франкфурт

Додека многу големи производители на автомобили кабриолет моделите ги исфрлаат од нивната гама заради неисплатливост, Volkswagen сепак се осмели да им понуди на клиентите нов модел со отворен кров. Наместо да избере еден од класичните патнички автомобили за кабриолет верзија, германскиот автомобилски гигант одлучи да го искористи компактниот кросовер T-Roc како основа за новиот кабриолет, со оглед на фактот дека клиентите во Европа се повеќе се свртуваат кон SUV / кросоверите.

VW T-Roc Cabriolet се заснова на стандардниот модел T-Roc, но со значителни дизајнерски и структурни модификации. Така, меѓуоскиното растојание е зголемено за 37 mm, а вкупната должина на возилото за 34 mm. Карактеристично за кабриолетите, автомобилот наместо 4 има само 2 врати, а телото е дополнително засилено за да го надомести недостатокот на цврст покрив.

Oд Volkswagen тврдат дека подвижниот кров се спушта или подигнува за само 9 секунди, а двете операции можат да се извршат додека автомобилот е во движење, но само со брзина до 30 km/h. Данокот за уживањето во возење со ветер во коса го платил просторот за багаж, кој е намален за 161 литри во однос на стандардниот Т-Roc и изнесува 284 литри.

На клиентите првично ќе им бидат понудени две моторни опции. Основниот бензинец е 3-цилиндерски 1.0 TSI со 115 КС (85 kW), а има и 1.5 TSI со 4-цилиндри и 150 КС (110 kW). Помоќниот модел ексклузивно доаѓа со 7-брзински автоматик со двојна спојка, додека 3-цилиндерскиот е спарен со 6-степен мануелен менувач.

Во понуда ќе бидат и  два дизајнерски пакети, Style и спортскиот R-Line.

ФОТО АЛБУМ

[useyourdrive dir=”1BApqojM6xdNcZbSjgfIPBK0kZqodqSTM” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]