Smart уште минатата година потврди дека подготвува електричен теренец кој ќе биде веднаш препознатлив како ултра-модерен, софистициран и напреден во однос на конективноста.

Година дена подоцна, Smart SUV е пред нас и се базира на платформата на кинеската компанија Geely (со која Mercedes уште порано постигна договор за иднината на брендот Smart), со најава дека ќе биде дизајниран со помош на Mercedes.

Овој модел ќе означи промена во дизајнерскиот јазик и позиционирање на брендот во согласност со неговите „растечки премиум и високотехнолошки аспирации“.

Освен во Кина (каде што ќе се произведува), Smart SUV ќе се продава и во Европа, но по 2023 година. За почеток, Smart и Geely прво ќе ја прикажат оваа концептна верзија наречена Smart Concept # 1 (кодно име HX11) на саемот во Минхен оваа недела.

Станува збор за досега најголемиот Smart модел (должина 4.290 mm, ширина 1.910 mm, висина 1.698 mm, меѓуоскино растојание 2.750 mm), со најава дека „великодушно димензионираната“ внатрешност е дизајнирана за потребите на младите семејства (серискиот модел ќе има пет седишта).

Тука се и тркалата од 21 инчи, задните врати со обратно отворање, панорамскиот покрив, детали во златна боја, LED светла, ентериер со врвен изглед и чувство, уникатно внатрешно осветлување, дисплеј од 12,8 инчи…

Детали за е-погонот, батериите и опсегот со едно полнење засега нема.

https://youtu.be/Ay8FtRH5s9o