Двата германски автомобилски гиганти ја искористија претпразничната атмосфера за да покажат меѓусебно почитување

BMW и Mercedes се совршен пример за вечно ривалство во автомобилската индустрија. Двата германски автомобилски гиганти се ривали во иста трка и во повеќето случаи се борат за иста група на клиенти.

Сепак, производителите секогаш, на вистински џентлменски начин, одржувале посебен однос и  искажувале меѓусебно почитување.

Така е и денес. Како поддршка на кампањата „Ајде да се држиме заедно“, двата автомобилски бренда изложиле ривалски електричен теренец со цел подигнување на свеста за духот на локалната заедница и локална посветеност за одржливиот развој во градот Минхен.

Така, Mercedes меѓу своите модели нашол место за електричниот BMW, додека во музејот BMW Welt во Минхен, баварскиот производител го изложил електричниот Mercedes-Benz EQC 400.

Видеото наиде на позитивни коментари од двете страни, но и генерално на голема популарност и споделување на социјалните мрежи, и од фановите и од оние неутралните.