Повеќето алтернатори со вклучени сите електрични уреди во возилото, побрзо ќе го досегнат својот лимит, така што повеќе нема да го полнат акумулаторот

Зимата доаѓа, а со тоа и традиционално проблеми со акумулаторите. Студот и влажноста собираат дел од енергијата, па секое палење на возилото со постар акумулатор е еден вид лотарија. Ниските температури ги забавуваат сите хемиски реакции во акумулаторот, а со тоа и перформансите. Исто така, ладниот мотор и погустото моторно масло бараат повеќе енергија. Советот е да се обидете да исклучите што повеќе потрошувачи на енергија при стартување на возилото. Само пумпата за гориво, односно инјекторите и системот за управување со моторот користат околу 400 вати електрична енергија. Вентилацијата и климатизацијата трошат до 500 вати, а дури 1000 вати можат да трошат светлата, радио уредот и греењето, греачот на задниот прозорец… Повеќето алтернатори ќе ја достигнат својата граница со вклучени сите уреди и повеќе нема да ја полнат батеријата – т.е. ќе се испразни.

Повеќето алтернатори со вклучени сите електрични уреди во возилото, побрзо ќе го досегнат својот лимит, така што повеќе нема да го полнат акумулаторот

Големата потрошувачка на електрична енергија влијае и на потрошувачката на гориво, 100 вати – 0,1 литар гориво.

За да спречите губење на енергија и нерамномерно полнење и празнење на акумулаторот, проверете ги стегите и половите – кои, доколку се оксидирани, може лесно да се исчистат со шмиргла, а потоа со мека крпа и секако да ги премачкате со машинска маст или вазелин. Исто така, ако знаете повеќе, можете да ги извадите приклучоците и да го проверите нивото на електролит во акумулаторот. Ако е малку, додадете дестилирана вода.