Видеото е доказ за фантастичните перформанси на хрватскиот суперавтомобил

Едноставно кажано Rimac Nevera не им дал никаква шанса на врвното BMW и електричното Porsche. Затоа и вреди цели два милиони фунти, што е скоро 10 пати повеќе отколку за двата конкуренти

Porsche Taycan Turbo S има сет електрични мотори кои произведуваат 761 коњски сили и 1.050 NM вртежен момент. Целиот потенцијал се пренесува на двете оски. Тежината е 2.300 килограми.

Од друга страна BMW M5 Competition, пак, има V8 мотор способен да генерира 625 КС и 750 NM, и секако xDrive погон. Тежината на возилото е 1.970 килограми.

Е сега и за Rimac Nevera. Располага со 1.914 КС и 2.360 Nm. Погонот на четири тркала мора да поднесе тежина од 2.150 килограми. Хрватскиот суперавтомобил е полесен од Porsche, но во исто време е скоро три пати помоќен.

Победникот е јасен, но како сето тоа изгледа е навистина неверојатно. Видеото е во прилог.