Се чини дека воопшто не е случајно што Toyota ja исфрла дизел понудата во Европа

Во првата половина на 2018 година, јапонскиот гигант во Европа продал 560.000 автомобили, што е за 6 отсто повеќе споредбено со истиот период минатата година.

Од ова, дури 257.000 Toyota возила продадени во Европа се хибриди, што е раст од 23% во споредба со 2017 година, а претставува 46% од вкупната продажба.

Бројките се уште поимпресивни во Западна Европа, каде што се хибридите се 58% од вкупната продажба на Toyota.

Toyota го зголемила и вкупниот удел на европскиот пазар на пет проценти, а во понуда има 16 модели со хибриден систем.

Премиум марката на Toyota, Lexus, исто така, забележала раст од 7 отсто во продажбата, од кои 62 проценти исто така се хибриди, а дури 99 проценти се продаваат во Западна Европа.

Toyota во Европа најмногу го продава малиот Yaris – 123.266 единици, од кои 66.306 се со хибриден погон. Следи моделот C-HR со 78.369 примероци, од кои 85% се хибридни, додека најдобро продаваниот кросовер на Lexus е NX со 15.365 примероци.