Спортските седани се дефинитивно германска територија

Новиот BMW M5, Mercedes-AMG E63 S и Porsche Panamera Turbo S E-Hybrid во премиум сегментот се „кремот“, а наскоро ќе им се придружи и четвртиот модел во форма на Audi RS7.

Во најновото видео на изданието Autocar на стартот се поставени три актуелни модели.

Барем на хартија, Panamera Turbo S E-Hybrid има предност. Моќниот 4.0-литарски V8 biturbo хибрид испорачува 690 КС и 850 Nm, кои се испраќаат на тркалата преку 8-степена трансмисија со двојна спојка. Моделот E63 S располага со 4.0-литарски V8 со 612 „коњи“ и 750 Nm и со 9-степен автоматски менувач. На крајот, тука е стандардниот M5 со 600 КС и 750 Nm. За жал, не е во игра M5 Competition со 625 коњи.

Сосема е очигледно дека Porsche има предност, бидејќи електро моторот обезбедува стартна предност, така што моделот е најбрз во спринт до стотка. За останатото, погледнете го видеото.