Škoda го откри дизајнот на ентериерот на електричниот модел Enyaq iV, кој своето деби ќе го има на 1 септември

Со моделот Enyaq iV, чешкиот производител поставува нови стандарди кога станува збор за дизајн на ентериерот. Имено, дизајнот на ентериерот на првиот електричен кросовер модел на Škoda е моделиран врз современо опкружување, а користени се природни, одржливи и рециклирани материјали.

За дизајнот на ентериерот Норберт Вебер, директорот на одделот за внатрешен дизајн во Škoda, вели:

“Enyaq iV ги користи предностите на долгото меѓуоскино растојание на механичката платформа MEB која – во споредба со димензиите на автомобилот – нуди исклучително пространа внатрешност. Рамниот под исто така придонесува за тоа, додека во возилата со мотори со внатрешно согорување наоѓаме централен тунел. Ја користивме оваа концептна карактеристика за ентериерот да биде уште попростран “, вели Вебер. „Ова може да се види, на пример, на новата табла со инструменти, која сега е поставена на неколку нивоа“.

„Наместо вообичаените нивоа на опрема и многу дополнителни опции, сега за прв пат нудиме Design Selections за овој модел кои потсетуваат на модерни животни опкружжувања, со совршено ускладени бои и материјали. Покрај тоа, нудиме јасно дефинирани пакети со различни теми, со неколку опции што се достапни за сите модели. Ова значи дека можеме да им обезбедиме на клиентите јасни и едноставни избори, но сепак единствени“.

 

 

„Недостатокот на централен тунел нуди многу можности. Напред овој простор го искористивме за дополнителна преграда за складирање под централната конзола кој сега е организиран на неколку нивоа. Благодарение на долгото меѓуоскино растојание, патниците на задните седишта сега имаат уште поголем простор, дури и пред централниот дел, а исто така има и многу простор за нозете за сите патници. Покрај големиот простор за патниците, Enyaq iV има волумен на багажникот од дури 585 литри“.

„Во еден од Design Selections, на пример, тапацирите на седиштата се изработени од 40 проценти нова волна и го носат печатот на Woolmark Company. Останатите 60 проценти се полиестер од рециклирани шишиња. Овој тапацир обезбедува уникатно чувство и обезбедува удобна клима за седење Друг пример е кожа која е произведена на особено одржлив начин со употреба на екстракт од маслинови лисја наместо хемикалии за потемнување.

Кога станува збор за димензиите, според она што е достапно како информација, Enyaq ќе има должина од 4.685 mm, а меѓуосовинското растојание 2.765 mm. 

Škoda ќе понуди пет нивоа на моќност. Базната варијанта на Enyaq ќе се продава со електромотор со моќност од 105 kW, додека на врвот на понудата ќе биде RS варијантата со два електромотори и вкупна моќност од 225 kW. Електричниот кросовер ќе се нуди со погон на задните или на сите четири тркала.

Купувачите ќе можат да избираат меѓу три батерии – 55, 62 или 88 kWh, а со тоа и автономија на автомобилот со едно полнење на батеријата. Последната и најмоќна батерија би требало да понуди автономија на движење од 500 километри со едно полнење, според WLTP стандардот.

Повеќе детали за овој модел ќе бидат познати во наредните недели, пред официјалната премиера што ќе се одржи на 1 септември во Прага.