Цените на речиси сите суровини пораснаа, од алуминиум до материјали што се користат за производство на батерии во електрични возила

По поскапувањето на 1 март 2021 година и другото на 1 септември 2021 година, патничките автомобили на VW повторно ќе ги зголемат цените на своите нови автомобили на 10 јануари 2022 година. Volkswagen ја испратил оваа информација до своите дилери, а зголемување на цените ќе има и кај Audi. Колку, засега не се знае.

Причина за поскапувањето на автомобилите е поскапувањето на суровините и енергенсите. Цените на речиси сите суровини се зголемени, од алуминиум до материјали што се користат за производство на батерии во електрични возила. Поскапуваше и цената и на гасот и нафтата – барем досега. Многу е веројатно дека овој потег на Volkswagen сигурно ќе го следат и други производители на автомобили.