Францускиот SUV е најпродаваниот модел во Европа во текот на октомври!

Во текот на претходниот месец на Стариот континент биле испорачани нешто повеќе од 790.000 автомобили, што е голем пад на продажбата од дури 30% во однос на истиот месец лани. Во првите десет месеци од годинава на европскиот пазар се регистрирани 9,85 милиони нови автомобили, со мал раст од 2,6%.

Кога станува збор за најпопуларното возило во Европа, во октомври таа титула му припаднала на Peugeot 2008. Дури 18.836 потрошувачи се одлучиле за францускиот теренец од Б сегментот! На второ место е уште еден „Француз“, овој пат Renault Clio, кој се продал во 14.296 примероци. И третото место му припаѓа на француски модел, а тоа е Peugeot 208 со 13.888 регистрации.

На четвртото место е Dacia Sandero. Романскиот нискобуџетен модел е вистински хит во Европа, а успеа да достигне 13.691 испорачани единици. Зад него е Fiat 500 со нешто повеќе од 13.000 продадени возила.

Вистинскиот куриозитет е што долгогодишниот европски бестселер – Volkswagen Golf не е во Топ 10 најпопуларни! Уште повеќе, само еден модел од целата групација Volkswagen e најпопуларната десетка, а тоа е T-Roc на деветтата позиција со помалку од 12.000 регистрации.

Извор: Jato Dynamics