Легендарното автомобилско трио во новиот пандемиски специјал се занимава со француската автомобилска индустрија на свој посебен начин зачинет со англиски хумор.

Новиот Special доаѓа под името Carnage A Trois, но спротивно на името, сепак најмногу се занимава со автомобилска тематика. Во секој случај, најавното видео открива добра забава во која фокусот е на некои од најпосебните автомобили на француската автомобилска индустрија, како што е Citroen SM. Како што може да се види, тие повторно се немилосрдни кон автомобилите. Честопати сосема непотребно, па без некоја паметна причина е уништен еден Спачек. Едно Berlingo eуквално се превртува по планина, додека Megane Scenic останува без половина шасија.

Премиерата е закажана за 17 декември на Amazon Prime Video, а во прилог и најавното видео.