Почина Серџо Маркионе (17 јуни 1952 – 25 јули 2018)
Легендарниот директор на Fiat почина после пост-оперативни проблеми
Серџо Марkионе, поранешен извршен директор на Fiat Chrysler (FCA) и архитект на еднo од најголемите спасувачки сценарија на компанија во историјата на автомобилската индустрија, почина по пост-оперативните компликации. Маркионе имаше 66 години.
Неговата смрт беше потврдена од Exor NV, холдинг-компанија на основачот на Fiat, семејството Ањели.
Маркионе во почетокот на јули во Женева го оперираше неговото лево рамо, но не можеше да се врати на работа поради пост-оперативните здравствени проблеми. Тогаш од швајцарската болница објавија дека неговото здравје наеднаш се влошило и дека е сериозно болен. Овие наводи беа потврдени и од наследникот на семејството Ањели, Џон Елкан.
Серџо Маркони беше прв човек на FCA, како и брендовите Fiat, Ferrari и Maserati. На чело на Fiat дојде во 2004 година по смртта на уште една легенда на италијанската автомобилска индустрија, Џани Ањели.
Маркионе беше познат работохолик, знаеше да дава остри изјави и сакаше да носи црни џемпери. Една од работите по кои ќе биде запомнет е тоа што ги спаси Fiat и Chrysler од банкрот.