По само шест месеци од излегување од салон, Renault, Opel и Nissan се купуваат за „половина од цената“
Дури 28 отсто од продадените возила на Renault на матичниот пазар, завршуваат во рацете на компаниите што работат со краткорочни изнајмувања на автомобили
Ова не би привлекувало посебно внимание доколку не станува збор за канал за продажба кој овозможува постигнување на најниски нивоа на профит за производителите. Opel и Nissan во своите продажни резултати вклучуваат непропорционално голем број на демо возила, што е еден од (вештачките) начини статистиката да се направи порозова.
Постојат бројни продажни канали, а произведувачите на автомобили се повеќе вештачки ги „зголемуваат“ продажните резултати изразувајќи ја реализација со мизерна или дури и нула маржа. Крајната цел е да се задржи функционалноста на фабриките.
Примероците кои се фактурираат на рент-а-кар компаниите (во најшироката смисла на зборот) се испорачуваат по тешки преговори во однос на цените, а слична приказна се случува и со тест возилата кои потоа се продаваат по многу ниски цени, често и во рамки на лажни акции во кои овие примероци се се рекламираат како сосема нови единици.
Во секој случај, овие два продажни канали најчесто се злоупотребуваат за да покажат дека компаниите успешно функционираат.
Оваа година носи многу промени во однесувањето на француските производители на домашниот пазар, па така Renault прибегнuva кон опасен потег. Повеќе од една четвртина од возилата се продаваат преку непопуларни продажни канали, а сите овие возила за полвина година повторно се враќаат на пазарот конкурирајќи им на новите примероци.
Веројатно не треба да се нагласува дека на овој начин, производителите имаат двојна штета. Особено загрижувачки е тоа што просекот на сите марки на автомобили понудени во Франција е на ниво од 19% (наспроти 28% на Renault).
Според ова, Renault сега е дури и пред традиционалниот „лидер“ – италијанскиот Fiat. Имено, 37% од вкупната продажба на хеџбекот Megane и кросоверот Captur е на сметка на компаниите кои изнајмуваат автомобили, додека 44% од Kangoo завршиле кај истите клиенти.
Во оваа приказна, неочекувано се наоѓа дури и Peugeot кој се фали со избегнување на ваквите продажни канали, но барем за сега секој петти примерок од фабриката оди по истиот пат ако се гледа пазарот во Франција.
Просекот би бил значително подобат да не е кросоверот 2008 кој е на крајот од својот животен век и кој има резултат од 39% по овие мерила. Дури и Dacia која секогаш тврдела дека не ги нуди своите возила преку непопуларни дистрибутивни канали има навистина негативен скорр. Имено, 14,4% од продажбата е на таков начин.