BMW во 1967 година на барање на тогашен американски увозник, кој сметал дека таков автомобил добро ќе се продава во САД, направил прототип на кабриолетот 1600 GT

Во меѓувреме компанијата се откажала од сериско производство, па така ова возило до денес останало уникатен примерок од моделот 1600 GT со отворен покрив.

Во 1966 година BMW го има купено германскиот производител на автомобили, Glas, а BMW 1600 GT е базиран на Glas 1300 GT од 1964 и 1700 GT од 1965 година.

Овој модел е произведен во 1.255 единици, а сите се наоѓаат во купе варијанта, додека несудениот кабриолет останал на еден уникатен прототип. Веројатно не би било така ако во 1967 година вториот направен прототип од 1600 GT не заврши во старо железо поради несреќа за време на тестирањето. Токму затоа, единствената копија од овој автомобил за BMW претставува важен историски артефакт на кој одделот за специјални возила во BMW му посветил посебно внимание при реставрацијата.

Автомобилот најпрвин требало да биде пронајден, бидејќи не бил во сопственост на компанијата. Откако му влегле во трага, експертите за стари автомобили во BMW се „фрлиле“ на работа.

Како што веат од BMW, реставрацијата траела неколку години, за 1600 GT конечно да се појави во вистинското светло.

Автомобилот е обоен во сребрена боја, додека внатрешноста и склопливиот платнен кров се обоени во црвено.