Кими Раиконен и Антонио Џовинаци се казнети по трката за Големата награда на Германија и во финалниот редослед ниту еден од возачите на Alfa Romeo не е меѓу првите десет

Раиконен и Џовинаци низ целта поминаа како седми и осми, што беше најдобриот резултат на тимот оваа сезона.

Сепак по завршувањето на трката, стјуардите објавија дека и двата возачи ќе бидат под истрага за кршење на член 27.1 во врска со употребата на квачилото на стартот од трката.

Шефот на тимот на Alfa Tomeo, Фредерик Васеур, по одлуката на судиите да ги казнат неговите возачи со 30 секунди поради кршење на правилото за ослободување на квачилото на стартот, вели дека тимот ќе поднесе жалба на одлуката.

Тој верува дека имаат докази со кои казните би биле поништени по што и двајцата возачи би останале во бодови.

„Разочарани сме од одлуката на судиите по вака возбудлива трка. Во текот на загревачките кругови зад возилото за безбедност забележавме некои аномалии во работењето на квачилото и презедовме некои мерки за да може да ја започнеме трката. Причината за овие аномалии се уште не ни е позната, но секако ќе испитаме“. Ние ги почитуваме и FIA и судиите, но ќе се жалиме бидејќи сметаме дека ги имаме потребните докази за поништување на одлуката на судиите. Кими и Антонио извозеа многу добра трка и тимот направи добра работа со која заслужи да бидеме во поени. Трката беше многу интересна и беше вистинска штета што заврши на овој начин“, вели Васеур.

Конечните резултати и распределба на бодови по трката за ГН на Германија на патеката во Хокенхајм може да ги погледнете на следниот линк.