Макс Верстапен, возачот на Red Bull е големиот победник на Гранд При трката во Германија на Хокенхајм, трка за која сигурно уште долго ќе се прераскажува

За Верстапен ова е втора сезонска победа, а трето искачување на победничкиот пиедестал. Едноставно беше најсконцентриран и најснаодлив на влажната патека, ги искористи грешките на останатите возачи и успеа да слави на една од најбурните трки во поновата историја на Formula 1.

Макс трката ја започна од втората позиција, зад Луис Хамилтон. Затоа можеби и најинтересен детал од Хокенхајм е крајната позиција на Хамилтон – дури 11 место.

Веднаш зад Верстапен на крајот се најдоа Фетел и Данил Kвјат од Toro Rosso.

Херој на трката со сигурност може да се каже дека е Себастијан Фетел, кој по сите малери на квалификациите и старт од последната 20 позиција, на крајот заврши како втор, иако мора да се истакне дека големо влијание за тоа имаат и бројните возачи кои останаа без пласман: Серхио Перес (Rasing Point), Даниел Рикардо (Renault), Ландо Норис (McLaren), Чарлс Леклер (Ferrari), Нико Хулкенберг (Renault), Валтери Ботас (Mercedes), Пјер Гасли (Red Bull).

Во голем број инциденти, Лекелерк од Ferrari, можеби највеќе се истакна со излетувањето пред влезот во целната рамнина, и тоа во моментите кога беше на второто место, веднаш зад Хамилтон.

Валтери Ботас, исто така, беше многу блиску до нов пиедестал и бодови, а со тоа и да ја продолжи доминацијата на Mercedes, по грешката на Хамилтон, но и тој на крајот ја загуби контролата над болидот на 10 круга пред крајот и целосно го уништи болидот.

Излетувањето на Финецот беше скоро на исто место каде што погреши и Хамилтон, со таа разлика што Британецот успеа да се извлече од завршување на трката. Неговото излетување беше пред влезот во боксовите, по што веднаш и влезе во нив, но тоа не го направи според правилата, па од стјуардите на трката беше казнет со пет секунди плус на крајниот резултат.

Нико Хулкенберг беше уште еден од трагичарите на трката во Германија. Ја изгуби контролата, излета, и тоа токму тогаш кога се бореше за својот прв пиедестал во кариерата. Хулкенберг имаше одлична позиција, но како и повеќето учесници во трката, се заврте и заврши во песокот надвор од патеката.

Во генералниот пласман и понатаму води Хамилтон, пред Ботас и Верестапен.

Резултати:

Генерален пласман:

Следната трка се вози на 4 август на Хунгароринг, Унгарија.