Новиот, голем SUV на шпанскиот бренд SEAT би треба да ја добие ознаката Tarraco

Од 4 имиња кои во 2017 се номинирани за име на новиот SUV (Alboran, Aranda, Avila и Tarraco), во SEAT, наводно, се одлучиле за единственото кое не започнува на буквата „А“, пренесува Auto Motor und Sport, повикувајќи се на извор близок до шпанскиот производител.

Таррако е старо име за Taragon, град на шпанскиот брег на Средоземното Море, кој се наоѓа во Каталонија, јужно од Барселона.

Новиот SUV модел платформата ќе ја дели со сестринскиот модел Škoda Kodiaq, а конкуренти на пазарот ќе му бидат возила како Nissan X-Trail и Hyundai Santa Fe.

Автомобилот ќе добие слична палета на мотор кој се користат за сестринските модели од VW групата. Првично, на располагање ќе биде 1.4-литарски TSI турбо бензински мотор, како базен погонски агрегат, а клиентите ќе може да го нарачаат и помоќен 2.0 TSI бензинец.

Оние кои ќе се одлучат за дизел, ќе може да сметаат на 2.0 TDI опции, а во игра е и plug-in хибриден модел.

Почетната цена треба да биде околу 30.000 евра, а се шпекулира дека SEAT новиот модел може да го претстави веќе на престојниот автомобилски салон во Женева следниот месец, кога се очекува и официјална потврда за името.

Прозиводството на новиот SUV треба да започне во текот на 2018 година во фабриката на Volkswagen во Волфсбург.

Според претходните планови, името на новиот SUV модел, Seat требаше да го обелодени уште минатата есен, но политичката криза околу Каталонија за некое време ја одложи промоцијата на моделот на шпанскиот производител, а од истата причина беше одложена и премиерата која првично беше планирана за крајот од 2017 година.