Plug-in хибридниот кросовер на Cupra кросовер ќе развива повеќе од 300 КС
Најавениот plug-in хибриден кросовер модел на брендот Cupra ќе развива повеќе од 300 коњски сили во најмоќната верзија, и е важен дел од планот на шпанскиот SEAT, кој планира дека до 2020 година на секои шест месеци ќе претставува по еден нов модел
„Новиот CUV (Crossover Utility Vehicle) од самиот почеток е замислен како модел чиј конструктор ќе биде Cupra, перформантното одделение на SEAT, но ќе се продаваат и во малку послаба варијанта со логото на SEAT“, рече шефот на компанијата Лука де Мео.
Возилото ќе биде базирано на модуларната MQB платформа на групата Volkswagen, и ќе биде второто возило со ознака на брендот Cupra со plug-in хибрид. Првото plug-in хибридно возило ќе биде моделот Leon.
Детали се уште има многу малку, но раководителот на одделот за истражување и развој на брендот Cupra, Матијас Рабе, објави дека новиот модел ќе се продава во неколку варијанти, од кои најслабата ќе произведува околу 200 коњски сили, а најмоќната малку повеќе од 300.
Ако возилото навистина има повеќе од 300 коњски сили, тоа ќе биде помоќно од моделот Cupra Ateca, чиј 2-литарски EA888 агрегат со турбокомпресор развива 296 коњски сили. Ateca од 0-100 km/h стигнува за 5,4 секунди, а се претпоставува дека новиот CUV модел ќе биде со подобри перформанси. Овој нов модел на пазарот треба да пристигне до 2020 година.
Порај новиот Cupra CUV модел, шпанскиот производител работи и на целосно електричен модел кој ќе се вика Born, Born-E или E-Born и кој ќе биде претставен во текот на 2020 година. Неговите димензии ќе бидат слични на димензиите на моделот Leon.