Huawei Consumer Bussines Group вчера во Парис ги претстави долго очекуваните модели P20 и P20 Pro

Pro е првиот телефон со тројна Leica камера, а двата модели поседуваат досега невидени карактеристики на вештачка интелигенција, комбинирајќи технологија и уметност и обезбедувајќи ненадминато искуство во користењето на паметен телефон.

„Инспирацијата за постојан напредок во однос на дизајнот и иновациите секогаш ја бараме во уметноста“, изјави извршниот директор на компанијата, Ричард Ју.

„Серијата Huawei P20 е изградена врз темелите на една успешна соработка со Leica. Со првата некогаш тројна камера во моделот P20 Pro, подобрената двојна камера во моделот P20 и моќната вештачка интелигенција во двата уреди, дури и оние клиенти кои бараат многу, може да ги забележат и споделат сите убавината на светот што ги опкружува“.


(прескокнете до 1:00:00 за да го гледате настанот)

Двата модели се направени во сосема нови бои – Twilight i Pink Gold. Предната страна на новите уреди ја чини Huawei FullView дисплеј од 5,8 инчи кај P20 и 6,1 инчи кај P20 Pro, со заоблени рабови за неверојатно комфорно држење и користење на телефонот, ултра тенка рамка, импресивен сооднос на екранот и куќиштето на телефонот за подобро доживување при гледање во екранот и повеќе содржини на него, без разлика дали читате или играте игри.

Куќиштето на моделото P20 се состои од алуминиумска рамка и две стаклени површини. Во Huawei, особено се горди на сината боја која се прелева, односно менува во зависност од аголот на паѓање на светлината. Кога зборуваме за куќиштето, треба да се каже дека Р20 Pro доаѓа со IP68 сертификат за отпорност на вода и прашина, а P20 со IP53, отпорност на прскање.

Во него се наоѓа Huawei Kirin 970 процесор во комбинација со 4 GB RAM меморија. Батеријата доаѓа со капацитет од 3400 mAh, што е прилично добар резултат во однос на елегантното куќиште со дебелина од само 7,65 mm.

Од друга страна, поголемиот модел, Huawei P20 Pro, доаѓа со AMOLED екран со дијагонала од 6,1 инчи и истиот сооднос од 18,7:9 (2240 x 1080 точки). И него како и Р20  го карактеризира „забот“ на врвот од екранот, Kirin 970 процесор, но со 6 GB RAM и 128 GB внатрешна меморија. Бидејќи е физички поголем, тој исто така е опремен со помоќна батерија, дури од 4000 mAh. Дебелината на куќиштето е само 7,8 милиметри.

Двата модели се опремени со Huawei SuperCharge Rapid Charging System за брзо полнење.

Камерата е вистинска револуција

Серијата Huawei P20 содржи напреден интелигентен систем за камерата, кој на корисниците им носи извонредни можности за подобрување од секој аспект на паметните фотографии за што е доказ највисоката севкупна оценка од страна на DxOMark’s.

Серијата Huawei P20 донесува подобрен систем на камери кој овозможува поголем прием на светлина и детали за подобра слика, со револуционерната Leica тројна камера и петкратниот хибриден зум во моделот P20 Pro и Leica двојната камера во моделот P20.

Иновациите во фотографирањето се темелат на вештачката интелигенција, односно Master AI, кој овозможува професионално фотографирање и Huawei AIS, кој обезбедува моќна стабилизација.

Huawei P20 Pro има тројна Leica камера со најголем број на пиксели споредбено со сите паметни телефони на пазарот – 40MР RGB сензор, 20MP монохром сензор и 8MP сензор со телеобјектив, како и леќа со сензор за температура на боја за уште подобра репродукција.

Со отвор на блендата од f/1,8, f/1,6 и f/2.4 за снимање на јасни, остри детали, совршена бистрина, Huawei P20 Pro поседува и сосема нова Leica леќа со троен оптички зум (VARIO-SUMMILUX-H 1:1.6-2.4/27-80ASPH), која овозможува снимање од голема далечина еквивалентно со пет пати хибриден зум, како и специјално чувствителен сензор за снимање во услови на недоволна осветленост по ISO 102400 стандард.

Huawei P20 се потпира на цврстите темели на неговиот претходник со сосема нова Leica дуал камера со 12 MP и големина на пиксел од 1.55 μm, како и црно-бела монохроматска леќа од 20MP, која овозможува снимање во услови на слаба осветленост.

Уредите од серијата Huawei P20 имаат стабилизација по шест-оски и напредно бавно снимање од 960fps, што е 4 пати повеќе од стандардните 240 fps и доловува детали кои се невидливи со голо око.

Со режимот UltraSnapshot, овој уред може да направи слика за само 0,3 секунди со едноставен двоен-клик на копчето за намалување на тонот, дури и кога екранот е исклучен.

Huawei AIS (AI Image Stabilization) ги стабилизира ноќните фотографии од рака што резултира со фотографии со одличен квалитет, дури и без користење на статив. Најновото достигнување на подобрената камера е и 4D леќата со способност за предвидување. Во овој режим, апаратот детектира објекти кои се движат и се фокусира на нив, со цел да се фатат што повеќе детали во движење.

Уште една новина во Серијата P20 е опцијата AI – Assisted Composition, која дава интелигентни предлози за изработка на групни фотографии и пејсажни фотографии.