Германската автомобилска асоцијација (ADAC) тестирала plug-in хибридни возила и дошла до заклучок дека работите не се онакви како што изгледаат на прв поглед

Некои plug-in хибриди произведуваат значително повеќе CO2 од класичните хибриди, како и автомобили со SUS мотор, а тоа е случај и кога редовно се полни и се вози на електрична енергија.

ADAC тестирал 10 plug-in хибриди и ги споредил со класичните верзии на тие автомобили. Предмет на споредба и испитување била емисијата на СО2 од моделите со SUS мотор и емисиjaта на СО2 наполнетиот plug-in хибрид.

Од 10 тестирани, само три се докажале како економични и помалку штетни за животната средина, четири се покажале дека се еколошки само кога возат на електрична енергија, додека три се уште поголеми загадувачи со CO2, без разлика како ги возите.

Најдобро на тестот минале Volvo XC40 T5, Peugeot 508 SW 1.6 Hybrid и Mercedes GLE de, додека апсолутно потфрлиле Mercedes B-Class, BMW 3-Series и X5 во plug-in хибридни верзии.

Комплетните резултати од ADAC-тестот можете да ги видите на сликата подолу, каде помалата емисија на CO2 во споредба со класичниот модел, е изразена во позитивни проценти.

Во негатива се прикажани вредностите полоши од класичните модели, додека со темно-сива боја е покажан соодносот на plug-in хибридот и моделот со SUS мотор, а кога plug-in хибридот воопшто не се полни со електрична енергија.

Меѓутоа тука во предвид треба да се земе уште една работа: повеќето plug-in хибрини модели биле помоќни од класичните, па така велат дека BMW 330e имал 292 КС, а 320d само 190. Peugeot 508 во хибридна верзија имал 225 КС, додека во бензинецот 181 КС…