Peugeot, Opel и Citroen нема да ја видат Женева овој март
Производителите на автомобили се подобро се сложуваат, особено кога е во прашање (не)присуството на одредени саемски манифестации
Некои се одлучуваат да го прескокнат Париз (Франкфурт) и да се појават во Женева, други обратно, додека има некои кои нема да се најдат на ниту една од двете најголеми изложби на автомобили на Стариот континент.
Најновата вест од француските специјализирани медиуми укажува дека Peugeot го прескокнува Саемот за автомобили во Женева, исто како и другите два големи бренда во рамките на PSA Group – Citroen и Opel.
Репортерите ги цитираат зборовите на еден член на тимот за односи со јавноста на Peugeot. Тој вели дека Французите го ескивираат овогодинешниот самит во Женева затоа што немаат ништо ново за да покажат, па затоа учеството е тешко да се оправда, барем економски.
Пред Peugeot, слична одлука донесе раководството на Lamborghini, од каде истакнаа дека ќе се фокусираат на специјални настани организирани во сопствена режија, образложение кое често се слуша од производителите, во ситуации кога го оправдуваат своето отсуство од некогаш големите манифестации.
Неодамна, Audi и Mercedes ги објавија одлуките за отсуство на овие брендови од њујоршкиот автомобилски саем, додека Volkswagen го најави своето отсуство од Париз. Сепак, VW ќе биде присутен во Женева.