Во новиот круг на краш тестирања биле изложени пет нови модели, од кои само еден добил четири ѕвезди, а останатите заработиле максимална оценка

Единствениот кој добил четири ѕвезди од Euro NCAP е новиот SUV модел Bayon на Hyundai. На таквиот резултат блијаела заштитата на возрасните, на кој тест моделот заработил оценка 76%. Утврдено е дека во случај на страничен удар, главата на возачот може да дојде во контакт со вратата спроти него. Во сите други сфери, Bayon бил на висина на задачата.

Останатите конкуренти, Tucson и Ioniq 5 на Hyundai, потоа Ford Mustang Mach-e GT и Toyota Yaris Cross, се претставиле одлично и освоиле максимални оценки на краш тестот на Euro NCAP. Електричниот модел на Ford се покажал особено добро во заштитата на возрасни патници каде што забележал импресивни 92%!