Новиот теренец на Maserati уште не се појавил на пазарот, а веќе успеа да стигне до насловните страници на италијанските медиуми

И сето тоа со потсмев, бидејќи некој од тест-возачите или други луѓе кои имаат пристап до овој модел за возење, успеале да го удрат прототипот во бандера. Инцидентот се случил во Торино, а во возилото имало две лица. Ниту едно од нив не е тешко повредено и ја одбиле лекарската помош која им била понудена на лице место.

Италијанските новинари го осудуваат „неодговорното однесување“ на водечките луѓе во Maserati поради тоа што им се случила ваква несреќа, а уште потешка околност е тоа што удриле во бандера, односно одговорноста е исклучиво на возачот.

Она што е добро за Maserati е тоа што Grecale повторно е во центарот на вниманието на јавноста, а како што велат современите ПР гуруа – нема лош публицитет. Сепак, италијанскиот „трозабец“ бил принуден да ја одложи годинешната премиера на новиот теренец поради општата криза со недостигот на електронски компоненти како полупроводници и микрочипови.

На тој начин се става сол на рана на фабриката во Каcино, за која Grecale (моментално) е единствената надеж за повеќе работни денови во годината и поголемо производство во тој погон. Да потсетиме, Grecale ќе биде и последниот модел кој ќе ја користи платформата Giorgio, која сега ја користи само дуото na Alfa.