![Пад на вредноста на возилата: Со кои автомобили најмалку ќе изгубите?!](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2022/01/dacia-sandero-stepway.jpg)
Пад на вредноста на возилата: Со кои автомобили најмалку ќе изгубите?!
Dacia е толку евтина кога е нова што губитокот на вредност е многу мал со нејзината експлоатација
Непишаното правило е дека новите автомобили оној момент кога ќе го напуштат салонот имаат голем пад на вредноста. Се разбира, процентуално тоа варира од модел до модел, но генерално купувачот веќе губи голем дел од вредноста на купеното. Едноставно е така, за разлика од недвижностите како станови, куќи и викендички кои не губат вредност, напротив. Компанијата за анализа на пазарот Schwacke и Auto Bild се обиделе да изработат статистика за модели кои најмалку губат од својата вредност.
Големата побарувачка за Porsche 911 Carrerа 4S ја одржува неговата депресијација во граници. За четири години, спортскиот автомобил губи само 42 отсто од вредноста. Ова го прави еден од автомобилите со најстабилна вредност на германскиот пазар, но не и најдобар. Можеби е малку неверојатно, но тоа е Dacia Sandero Stepway TCe 90, кој воедно е еден од најевтините нови автомобили на пазарот. За разлика од Porsche, овде голем адут е ниската цена: Dacia е толку евтина кога е нова што губитокот на вредност е многу мал со нејзината експлоатација. По четири години користење моделот губи една третина од почетната вредност или 34 проценти.
Ако се земе во предвид дека на македонскиот пазар најголемиот дел од увезените половни автомобили се со потекло од Германија, следната табела е особено инересна да се погледне. Барем за оние кои во следниот период имаат желба за промена на својот „лимен миленик“ на четири тркала.
Класа | Заджана вредност по четири години експлоатација |
---|---|
Електрични автомобили до 40.000 евра |
|
Електрични автомобили над 40.000 евра |
|
Микро автомобил |
|
Мал автомобил |
|
Компактен автомобил |
|
Средна класа |
|
Висока класа |
|
Спортски автомобил |
|
Комби автомобили |
|
Мал SUV |
|
Компактен SUV |
|
SUV |
|