![Овој симпатичен SUV веројатно ја напушта Европа](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2020/01/Suzuki-Jimny-2019-1600-3b.jpg)
Овој симпатичен SUV веројатно ја напушта Европа
Најновите информации сугерираат дека една од најсимпатичните автомобилски новитети последниве години ќе море да се повлече од европскиот пазар
Станува збор за моделот Jimny на Suzuki, а проблемот е во еколошкиот стандард односно неговата емисија на CO2. Имено, од 2021 година во Европа стапуваат на сила построги стандарди за емисија на CO2 и токму тоа може да ја намали понудата во SUV сегментот.
Филијалата на Suzuki во Велика Британија објави дека Jimny оваа година ќе биде достапен на пазарот во Велика Британија, но во многу ограничени количини.
Suzuki Jimny во Европа се нуди исклучиво со 1.5 атмосферски бензински мотор со емисија на CO2 од 154 g/km во комбинација со рачен менувач што е значително повисока вредност од границата поставена на 95 g/km за гамата на индивидуални производители.