Малиот индиски теренец, дизајниран од дизајнерскиот гигант Pininfarina чија улога во тоа Mahindra да стане најбрзо растечка компанија во Европа е огромна, пристигна на македонскиот пазар по почетна цена од 10,990 евра

Автомобилот е со должина од 3,7 метри, ширина од 1,28 метри и висина од 1,65 метри. Иако мал по димензии, автомобилот има капацитет да превезува и до пет лица, а багажниот простор е со волумен од 243 литри, кој со преклопување на задните седишта стигнува до 473 литри.  Стандардната опрема (во базната верзија К6+) вклучува: клима уред, ABS+EBD, ESP+TCS, воздушни перничиња, паркинг сензори, браници и надворешни ретровизори во боја на каросеријата, систем за помош при нагорнина и надолнина….

Опремен е со LED светла со модерен дизајн, алуминиумски фелни (верзија К8) трепкачи вградени во ретровизорите… Во повисокото ниво на опрема на Mahindra KUV100 вклучува и Bluetooth поврзување со смарт телефони, автоматски клима уред, стартување на возилото без клуч и 7-инчен екран чувствителен на допир со навигација.

Урбаниот кросовер Mahindra KUV100 под капакот за моторот крие 1.2-литарски Mfalcon G80 мотор со 3-цилиндри кој генерира 87 КС на 5.500 вртежи во минута спарен со пет-брзински мануелен менувач. Максималниот вртежен момент е 115 Nm при 3.500-4.800 вртежи во минута. Просечната потрошувачка на моделот фабрички декларирана е 5,9 l/100km.

Од компанијата велат дека кросоверот е тестиран на различни терени, а тие покажуваат дека цврстината на автомобилот помага да се ублажат и најголемите нерамнини на патот. 

Наскоро ќе го имаме и на тест возење, па ќе можеме да ви ги пренесеме нашите впечатоци.

Во меѓувреме, за повеќе информации  и тест возење обратете се во БД Интеркар на телефоните 02 3175 085 и 02 3175 262 или појдете на нивната интернет страница www.mahindra.com.mk.

Loading...