Најбараниот нов автомобил во првите седум месеци од 2019 година очекувано е VW Golf, по што следат Renault Clio на второто место и VW Polo на третата позиција

Според податоците од 44 земји во Европа, од Португалија до Русија, од страна на focus2move.com, меѓу најдобрите пет модели има дури три Volkswagen модели. Имено, зад споменатиот двоец Golf-Polo, на четвртата позиција е VW Tiguan, додека најдобрата петорка ја заокружува Dacia Sandero.

Шестата позиција е за Ford Focus, кој има голем скок споредено со 2018 година благодарение на лансирањето на новата генерација, додека на седмата позиција е Citroen C3. Од осмата до десетата позиција според продажбата се рангирани Peugeot 208, Opel Corsa и Ford Fiesta.

Меѓу првите 10 има најмногу субкомпактни модели (7), два се во класата на компактен хечбек (Golf и Focus), додека само еден е од SUV сегментот (Tiguan). Интересно е тоа што помеѓу најпродаваните десет модели нема јапонски или корејски модели. Најпродаваниот автомобил на некоја азиска марка е Нисан Qashai на 11-то место.

Во продолжени листата на 20 најпродавани автомобили во Европа досега: