Јапонскиот производител Suzuki ја претстави новата генерација на малиот SUV со коцкест дизајн – Jimny

Четвртата генерација ги задржала карактеристиките на својот веќе 20-години стар претходник чиј заштитен знак беше е теренското возење.

Новиот Jimny доаѓа во неколку различни бои и го задржал препознатливиот стил во внатрешноста.

Се очекува да биде осовремен со модерен мултимедијален систем со екран осетлив на допир високо позициониран на централната конзола.

Според првичните информации Jimny ќе биде достапен со погон во две варијанти, мал 660cc и поголем 1,5-литарски мотор, со избор помеѓу 5-брзински мануелен и 4-степен автоматски менувач.

Во понуда ќе бидат 15 и 16-инчни тркала, а опремата ќе вклучува и темпомат, старт / стоп систем, мултифункционален волан и климатизација.

Што се однесува до безбедносните додатоци, фокусот е на автономна сопирачка во итни ситуации.

Suzuki Jimny официјално ќе дебитира на 5 јули кога се очекуваат и повеќе детали.