Ова е новиот Audi RS3 / ФОТО+ВИДЕО
Audi го претстави новото издание на компактниот модел со високи перформанси од средна класа
Германската марка не се откажува од употребата на единицата со пет цилиндри сместена под хаубата и во „новиот“ RS3. Овој погонски агрегат има работен волумен од 2.5-литри и испорачува 400 КС (исто како и претходно) и 500 Nm (20 Nm повеќе од претходно). Audi посочува дека максималната моќност сега се постигнува на 5.600 вртежи во минута, што е помалку од претходниот RS3.
Претходниот модел честопати имаше проблеми со прегревање на сопирачката. Од Audi наведуваат дека тие темелно се посветиле на овој проблем и дека наместо поранешните осум, сега се инсталирани вилушки со шест клипови. Германците тврдат дека го подобриле системот за ладење на сопирачките, па им треба 20% помалку време да се оладат. Брендот со четири прстени опционално нуди и карбон-керамички сопирачки.
Перформансите се на многу високо ниво. Новиот RS3 до „стотка“ спринта за само 3,8 секунди, додека максималната брзина е ограничена на 250 km/h – за основните модели. Ако земете еден од дополнителните пакети – максималната брзина може да биде 280, па дури и 290 km/h.
Што се однесува до дизајнот, нема поголеми изненадувања. Новината е еволутивен чекор напред во однос на поранешниот модел. Предниот браник е специфичен за RS производите на Audi, како и привлечната рестилизирана Singleframe решетка. Големите отвори за воздух ги откриваат спортските амбиции на овој компакт.
Audi RS3 доаѓа стандардно во 19-инчни тркала со десет краци. По желба, германската марка нуди и специјални тркала со пет краци и „RS“ значки со ист дијаметар како и стандардната варијанта. Во задниот дел на возилото доминира голем дифузер интегриран во задниот браник, како и два овални краја на издувните цевки.
Внатрешноста е прилично слична на она што веќе сме имале можност да го видиме во S3. Значи, пред возачот е 12,3-инчен дигитален дисплеј кој делува како инструмент табла, додека на врвот на централната конзола е поставен 10,2-инчен екран преку кој се контролира инфо-забавниот систем. Посебен „допир“ на кабината дава малиот, спортски управувач засечен на долниот дел со црвена или зелена вертикална трака на врвот. За прв пат со овој модел, германската марка обезбедила и зелен контрастен штеп на седиштата, вратите и контролната табла.
Од Audi наведуваат дека новиот RS3 поседува специјален дрифт режим. Остатокот од напредните, активни и пасивни безбедносни системи се преземени од другите модели на овој производител.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1oSeqy8YtNvF5ihmcQwQ873nMBm5gkzuE” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Новиот Audi RS3 останува достапен како хечбек и седан. Продажбата на моделот во Европа ќе започне во наредните денови. Почетната цена за RS3 Sportback ќе биде 60.000 евра, додека за лимузинското издание ќе бидат потребни 2.000 евра повеќе.