За новата 2022 моделна година, Porsche го обнови SUV моделот Macan, кој заедно со мали визуелни промени и ажуриран ентериер, добил и помоќни мотори

Така, Macan GTS се придвижува со 2.9-литарски twin-turbo V6 засилен до 440 КС, така што забрзувањето од 0 до 100 km/h сега трае 4,3 секунди, додека максималната брзина е зголемена на 272 km/h.

Во средината на гамата е Macan S со V6 мотор и 380 КС, кој сега до 100 km/h стигнува за 4,6 секунди, а може да стигне до максимални 259 km/h.

Основниот модел со 2.0-литарски турбо со 4-цилиндри има 265 КС, до 100 km/h забрзува за 6,2 секунди и достигнува максимални 232 km/h.

Треба да се спомене дека Macan GTS доаѓа со 21-инчни сјајно црни RS Spyder тркала, прилагодлива воздушна суспензија, Porsche Surface Coated сопирачки, црвени клешти на сопирачките, црни издувни цевки, LED задни светла и Sport Design прагови.

Пакетот GTS Sport е опционален и вклучува Chrono Package, Porsche Torque Vectoring Plus, спортски седишта прилагодливи во 18 насоки, детали од карбонски влакна во внатрешноста во која се редизајнирани централната конзола, управувачот GT Sport и некогаш опционалниот аналоген часовник).

Естетските промени во надворешноста се однесуваат пред се на новиот дизајн на долниот дел од предниот браник, изменетата решетка, благо ажурираните светла за магла, како и црниот заден дифузор.

LED светлата и Sport Design ретровизорите сега се стандардни, а алуминиумските тркала се поголеми (основниот Macan сега има 19-инчни тркала).

Палетата на бои брои вкупно 14 нијанси, а нови се Papaya Metallic и Gentian Blue Metallic, како и Python Green за Porsche Macan GTS со пакетот GTS Sport.

Сите верзии доаѓаат стандардно со погон на сите тркала и 7-степен PDK менувач со двојна спојка, како и 10,9-инчен екран чувствителен на допир, навигација, систем Apple CarPlay и Park Assist.

 

PORSCHE MACAN S

PORSCHE MACAN GTS

PORSCHE MACAN GTS WITH GTS SPORT PACKAGE

Испораките во Европа ќе започнат на почетокот на октомври, по цени од 62.917 евра за Macan, 71.723 евра за Macan S и 88.264 евра за Macan GTS (наведените цени секако се однесуваат за Германија).

Loading...

Website https://animepahe.cc: Watch DD Fist of the North Star animepahe Episode 13 stream anime online

Website https://kissanime.mx: Watch Tsuyokiss kissanime Episode 12 anime

Website https://animeflv.uk: Watch Gokujo.: Gokurakuin Joshikou Ryou Monogatari animeflv Episode 12 english dubbed anime

Bitchute: https://www.bitchute.com/channel/gogoanimelol/

Bettafish: https://www.bettafish.com/members/animefreakws.321807/#about

Mobygames: https://www.mobygames.com/user/sheet/userSheetId,819347/