Новата „петка“ пристигнува подинамична од кога било, со мноштво дигитални иновации и за прв пат целосно електрична. Со верзијата i5, најновото издание на прославената BMW Серија 5 тргнува на патот кон одржлива премиум мобилност.

Осмата генерација на BMW Серија 5 уште еднаш претставува напредна технологија во комбинација со спортски, елегантен дизајн, како и перформанси и удобност кои се препознатливи за BMW.

Успешната приказна на BMW Серија 5 датира од 1972 година, кога беше претставена првата генерација на спортскиот и елегантен седан со четири врати. Оттогаш, светската популарност на BMW Серија 5 постојано расте. Со својата комбинација на динамични перформанси и високо ниво на удобност при долги патувања, Серија 5 стана олицетворение на бизнис лимузина. До оваа пролет година се произведени повеќе од десет милиони единици.

Дизајн

Надворешниот дизајн на новата генерација ја реинтерпретира спортската елеганција на BMW Серија 5 на актуелниот дизајнерски јазик на баварската марка. Со својот препознатлив изглед, новата BMW Серија 5 е во центарот на гамата на модели со четири врати на BMW. Попрестижна и елегантна од Серија 3, но подинамична и поспортска од Серијата 7.

Подоминантниот изглед на новата Серија 5 е нагласен со атлетски пропорции и поголеми надворешни димензии во споредба со претходната генерација. Од напред, новата Серија 5 се издвојува со модерната интерпретација на двојните фарови и BMW маската со бубрези. LED фаровите го нагласуваат традиционалниот изглед со четири светла во модерна, минималистичка форма. Двата речиси вертикални LED елементи поставени нанадвор функционираат како дневни светла и индикатори за насока.

Секако, посебен детал е маската на BMW со „бубрези“, стилски инспирирана од таканаречениот „sharnose“ од раните генерации на Серијата 5 и истакната напред, таа функционира како визуелен центар на предниот дел на автомобил.

Палетата на бои на каросеријата вклучува една стандардна и девет металик бои, како и три специјални BMW Individual бои, вклучувајќи две експресивни Frozen бои.

Салон

Во внатрешноста, новата BMW Серија 5 нуди високо ниво на удобност при долги патувања, но и препознатливо уживање во возењето. Дарежлива понуда на простор, модерна функционалност, високо ниво на акустична удобност, како и висококвалитетни материјали, одлична изработка и напредни дигитални услуги го карактеризираат амбиентот во внатрешноста. Јасниот и модерен внатрешен дизајн, спортскиот стил и иновативните карактеристики на опремата, дизајнирани да ја оптимизираат удобноста при патувањето, го нагласуваат карактерот на „петката“ како динамичен деловен седан за дигиталната ера.

Целосно дигиталниот закривен дисплеј на BMW, кој ја реинтерпретира типичната ориентација на марката кон возачот, го претставува срцето на дизајнот на ентериерот. Другите иновации вклучуваат BMW Interaction Bar со амбиентално осветлување во контролната табла и во областа на вратите (стандарден кај моделите i5, опционални кај 530i и 530i xDrive), My Modes за приспособливо искуство во возењето и внатрешноста и нов прекинувач за менување брзини во средината на контролната табла на конзолата.

Нова генерација на мотори со четири и шест цилиндри со внатрешно согорување

Сите мотори со внатрешно согорување понудени во новата BMW Серија 5 произлегуваат од заедничкиот модуларен дизајн. Поврзаните иновации вклучуваат Милеров процес на согорување, кој го скратува времето на отворање на доводните вентили, редизајн на доводните канали и коморите за согорување, како и иновации во областите на управување со брегастата осовина, вбризгување, палење и насочување на издувните гасови.

Овие нови мотори ја имаат и најновата верзија на целосно варијабилната конторла на вентилите VALVETRONIC. Нивните преклопни клацкалки на издувната страна овозможуваат подобра контрола на работата и согорувањето, со што се намалува триењето на моторот. Ова овозможува поефикасно враќање на енергијата на сопирањето.

Новата генерација на 2.0-литарскиот 4-цилиндерски мотор, исто така, ја содржи најновата технологија BMW TwinPower Turbo. Кај моделите BMW 530i и 530i xDrive, моторот произведува 255 КС. Ова му овозможува на 530i да забрза од 0-100 km/h за само 5,9 секунди, додека со погон на сите тркала тоа време паѓа на 5,8 секунди за 530i xDrive.

Поголемиот 3.0-литарски мотор се одликува со најновата BMW TwinPower Turbo технологија и генерира максимална моќност од 375 КС, што е зголемување од 40 КС во споредба со претходната генерација. Новиот BMW 540i xDrive може да забрза од 0 до 100 km/h за само 4,5 секунди.

 

Електричниот мотор BMW i5 eDrive40, сместен на задната оска, генерира максимална моќност од 335 КС кога се активираат функциите Sport Boost или Launch Control. Спринтот од 0 до 100 km/h кај електричниот i5 трае само 5,7 секунди. Батеријата во BMW i5 комбинира компактни димензии со голем капацитет и обезбедува употреблив капацитет од 84,3 kWh.

ФОТО ГАЛЕРИЈА