Во Opel одлучиле дека Corsa има потреба од освежување, а покрај очекуваните дизајнерски новитети како што е препознатливата предна маска Opel Vizor, Corsa добила и важни технички иновации како електричен и хибриден погон

Обновената Corsa се издвојува со новиот дизајн, вклучувајќи го препознатливиот лик на марката Opel Vizor напред и буквите Opel самоуверено поставени во центарот на задниот дел. Са доплата, Corsa сега нуди и целосно дигитален кокпит заснован на кокпит платформата Snapdragon на Qualcomm Technologies со нов интуитивен инфозабавен систем и екран на допир во боја со големина до 10 инчи.

Новина е и сивата боја на каросеријата Grafik Grey, достапна за прв пат за Corsa.

Благодарение на иновациите, Corsa сега создава и модерна и пријатна атмосфера во внатрешноста. За тоа придонесуваат шарите на седиштата, како и новиот дизајн на менувачот и воланот. Сепак, најголемата иновација е целосно дигиталниот кокпит со нов систем за информации и забава. Интегрираната Snapdragon платформа на Qualcomm Technologies се одликува со подобрена графика, мултимедијални можности, компјутерска визија и вештачка интелигенција (AI) за да обезбеди поинтегриран, постојано приспособлив систем на кокпит кој е свесен за контекстот и може да се развива според желбите на патниците.

Како и во развојот на најновата генерација на Astra, применет е принципот на „максимална дигитална префинетост“, што значи дека системот за навигација нуди поврзани услуги, природно препознавање на говор „Hey Opel“ и безжична надградба. Дополнително, приказите на навигацискиот и мултимедијалниот систем на 10-инчниот екран на допир во боја и на екранот за информации за возачот се уште појасни, така што сите важни информации можат да се видат во дел од секундата. Исто така, во новата Corsa за прв пат паметните телефони компатибилни со Apple CarPlay и Android Auto ќе можат да се поврзат со мултимедијалниот систем на Corsa и да се полнат безжично.

Уште попрецизни Matrix Intelli-Lux LED светла

Од 2019 година, адаптивните Matrix Intelli-Lux LED фарови без да ги заслепуваат возачите од спротивната насока покажаа како Corsa ги прави иновациите во сегментот на мали автомобили достапни за секого. Инженерите постојано работат на понатамошен развој, што може да се види на новата Corsa. Вкупно 14, наместо осум, индивидуално контролирани LED елементи обезбедуваат искуство во возењето со супериорна светлина што сега уште попрецизно го спречува заслепувањето на другите учесници во сообраќајот.

Corsa Electric со подобрена батерија и нов мотор

Opel ќе стане целосно електричен бренд во Европа до 2028 година, а 12 модели веќе денес се електрифицирани – Corsa беше лидер во демократизацијата на батериско-електричниот погон во понудата на Opel. Новата Corsa Electric сега го носи тоа на едно ново ниво, со повеќе избор, поголема моќност, подобрена батерија и подолг опсег.

Corsa Electric ќе биде достапна со две опции за електричен погон: најпродаваниот меѓу малите автомобили ќе биде достапен со мотор од 100 kW/136 КС и подобрен опсег до 357 километри, како и со мотор од 115 kW/156 КС и опсег до 402 километри според WLTP.

Corsa Electric не само што е ефикасна, туку со вртежен момент од 260 Nm, обезбедува одлични перформанси и уживање во возењето. Кога Corsa Electric има потреба од полнење, тоа може да се направи брзо. Со брзо полнење, батеријата може да се наполни до 80 проценти од вкупниот капацитет за само 30 минути (од 20 до 80 проценти).

Со Corsa, Opel за прв пат ќе понуди опција за префрлување на хибриди со систем од 48 волти. Моторите од 74 kW/100 КС и 100 kW/136 КС доаѓаат со нов автоматски менувач со двојна спојка.