Братскиот модел на Peugeot 108 и Toyota Aygo, втората генерација на Citroen C1, доби рестилизација за моделната 2018 година. Најголемите промени се под хаубата на моторот

Имено, урбаниот модел на Citroen сега го придвижува 3-цилиндерски VTi агрегат со волумен од еден литар изграден од Toyota, кој развива 71 коњски сили и 93 Nm вртежен момент. Единицата може да се спари со рачен или со автоматски менувач. За споредба, претходната верзија развиваше 69 коњски сили и 95 Nm вртежен момент.

Овој мотор го задоволува Euro 6.2 стандардот за емисии на издувни гасови, благодарение на модифицираниот систем за вбризгување и поголемиот сооднос на компресија.

Што се однесува до другите промени, инфо-забавниот систем е надграден до најновото ниво на технологијата и, меѓу другото, е компатибилен со MirrorLink, Android Auto и Apple CarPlay софтверот. Сега екранот има дијагонала од седум инчи. Унапредување имаат и задната камера за паркирање и системот „без клуч“, а корисниците сега имаат избор од 32 комбинации на бои.

Со освежениот С1 доаѓаат и две специјални изданија – Elle (чини 14.950 евра во Франција) и Urban Ride (чини 14.450 евра во Франција). Двата пакета имаат посебна комбинација на бои и богати пакети на опрема.

Loading...