Останокот на Honda во Formula 1 зависи од идните трошоци за развој на моторот
Јапонскиот производител по својата пресметка ќе одлучи дали е профитабилно да се остане во Formula 1
По доста долгиот неуспешен период по враќањето во шампионатот, Honda сезонава успеа да забележи победи и да им парира на водечките Ferrari и Mercedes. Јапонскиот производител направи голем исчекор, така што неговото заостанување кога е во прашање моќноста на моторот сега е скоро минимално. Но, останувањето на ова ниво повеќе не може да се финансира со бланко чек од страна на одборот на директори на компанијата, што е потврдено и од шефот на тркачкиот оддел, Масаши Јамамото.
„Забележавме дека климата сега е многу потешка за сите производители, пред се поради движењето кон елитрификација. Засега само пресметуваме колку ќе чинат трошоците за развој, по што ќе одлучиме. Убаво е да имате добар резултат како што е сега. Но, поважен е билансот на трошоци. Ни требаат повеќе пари за да можеме да го подобриме развојот и да се израмниме со лидерите“, додава Јамамото.