Компанијата сака да го потенцира својот пат кон електрификацијата

Германскиот Opel одлучи да ги освежи своите компаниски атрибути – логото со препознатлива хоризонтална молња, а со тоа и фонтот и бојата. Нужно за брендот за да изгледа помодерно и подинамично во очите на клиентите.

Германскиот производител очигледно не се плаши од смели експерименти и е подготвен за иновации. Затоа тој испраќа јасен знак за промената на имиџот. Во новиот амблем на прво место е молњата, а акцентот на неа е направен со елегантна контура. Жолто-зелената боја што ја избрале во компанијата е симбол на електрификација. Лесно е да се запомни и идентификува.

Opel исто така го сменил фонтот на компанијата, кој се вика „Opel Next“. Германците сметале дека е „лесен, но истовремено и енергичен, модерен и јасен“. Вклучува три опции: light, regular и bold.

Всушност, новиот амблем беше прикажан уште на премиерата на концептот Opel GT X Experimental. Овој прототип беше првиот што го доби новиот корпоративен дизајн на марката, а следниот модел на кој ќе го видиме е Opel Crossland.