Светот е влезен во ерата на висока технологија, каде што автомобилите почнуваат да возат самостојно, се напојуваат со електрична енергија… па зошто и регистарските таблички да не ги следат современите трендови? 

Регистерските таблички не се променети многу од нивното деби кон крајот на 19 век и сè уште се изработени од метал, најчесто алуминиум.

Американските држави Калифорнија и Аризона одобрија употреба на дигитални регистарски таблички пред две години, а сега им се придружува и Мичиген. Поконкретно, политичарите на оваа земја постигнале договор со компанијата Reviver, која е единствената со дозвола за производство на дигитални таблички, а веста е потврдена и од претседателот на компанијата, Невил Бостон.

Тој вели дека таквата технологија ќе биде достапна во Мичиген на почетокот на следната година и наведува големи предности во споредба со традиционалните лимени плочки. Бостон наведува дека сега е можно да се пополнат сите барања преку дигитална врска, како што е натписот на табличките, потоа годишните претплати и конечно предупредување до возачите доколку ви е украден автомобилот.

Да, иако регистарските таблички се ваши, полицијата го задржува правото да напише „Stolen“ (Украдено) на нив доколку сопственикот пријави кражба на возилото, па на тој начин „луѓето во сино“ ќе имаат полесна работа да ги фатат криминалците. Полицијата може да напише и т.н. „Amber Alert“, испис кој во САД се користи во случај на киднапирање на лица помлади од 18 години.

Се разбира, технологијата никогаш не била евтина. Reviver табличката ќе ви ја продаде за 499 американски долари, што вклучува петгодишна гаранција за батеријата, но дури и по „купувањето“ треба да плаќате 4,99 долари месечно (или 55 најмали зелени банкноти годишно).

Купувачот исто така може да избере и опција со подобар квалитет односно подобра графика, а во тој случај потребно е да се издвојат 599 USD, а потоа уште 6,99 USD месечно. Бројките се однесуваат само на услугите на Reviver и не вклучуваат годишна регистрација, која обично чини помеѓу 75 и 135 долари (во зависност од американската федерална единица и вредноста на автомобилот). Покрај високата цена, мана е секако уште еден трошок, а тоа е колку долари ќе ве чини да го замените дигиталниот таблет доколку е оштетен.

Во моментов, само 4.000 луѓе ја избрале оваа опција во Калифорнија и Аризона, но Бостон очекува дека до крајот на следната година над 100.000 возила на улиците со вакви таблички. Кон ова во прилог оди додавањето на Мичиген кон списокот на клиенти, како и најавата дека трендот ќе го следат државите Џорџија и Тексас.