Новиот Opel Combo Cargo е добитник на титулата „Меѓународен ван на годината 2019“ (International Van of the Year 2019 – IVOTY) за најдобро лесно комерцијално возило

Opel Combo е победник со освоени 127 поени пред второпласираниот Mercedes Sprinter (92 поени), со гласовите на стручното жири од 25 европски земји.

На овој начин, новиот Combo престижна награда во Риселсхајм ја носи по трет пат од 1992 година. Opel претходно ја освои наградата со Astra Van во 1999 и Vivaro во 2002 година.

Извршниот директор на Opel, Мајкл Локшелер

Новиот Opel Combo е развиен во рамките на групата PSA и е оптимизиран за потребите на германската марка, а предавањето на наградата е одржано на IAA Меѓународниот автосаем за комерцијални возила во Хановер.

Opel Combo е достапен во многу варијанти, кои вклучуваат стандардна верзија со должина од 4.40 метри, проширена верзија со 4,75 метри и голем модел со две лизгачки врати и 5 седишта.

Новиот компактен транспортер на Opel има волумен на товарниот простор од 4,4 m3, носивост до 1000 kg и должина на товарниот простор до 3.440 милиметри.

Што се однесува до патничката верзија Combo Life, таа своето деби го имаше на автомобилскиот саем во Женева во почетокот на март оваа година.

Loading...