По неколку тизери, Mercedes го претстави во моментов „најскромниот“ AMG модел, кој сепак има импресивни перформанси

Mercedes-AMG A35 4MATIC треба да ја пополни празнината помеѓу „обичната“ А-класа и идниот топ модел Mercedes-AMG A45.

Погон е новиот 4-цилиндарски 2.0 турбо бензински мотор со 306 КС и 400 Nm, поврзан со 7-степен автоматски менувач со двојна спојка, а моќта се пренесува на сите 4 тркала преку 4MATIC системот.

Оваа конфигурација на моторот овозможува автомобилот да забрзува од 0-100 km/h за 4,7 секунди и да развие максимална брзина, електронски ограничена, од 250 km/h.

Mercedes-AMG A35 е опремен со AMG Ride Control систем за потпирање кој содржи многу алуминиумски компоненти за да се намали вкупната тежина на автомобилот.

Клиентите, исто така, ќе можат да нарачаат опционална адаптивна суспензија, со три предефинирани начини за подесување.

За безбедно застанување на автомобилот се грижат сопирачки со високи перформанси со дискови од 350 mm (напред) и 330 mm (позади).

Mercedes-AMG A35 ги има специфичните AMG „состојки“, како што се AMG-управувачки систем или AMG издув, а AMG Dynamic Select системот има нов Slippery режим за возење на лизгава површина.

Автомобилот е поставен на 18-инчни тркала направени од лесна легура.

Спортскатата AMG атмосфера секако е присутна во салонот, меѓу другото, благодарение на спортскиот управувач и седиштата, како и педалите од нерѓосувачки челик.

Поставките на дигиталниот екран на таблата со инструменти се исто така прилагодени на стандардот AMG.

Своето деби пред публика, Mercedes-AMG A35 4MATIC ќе го има на изложбениот салон во Париз во октомври, а продажбата ќе започне во ноември, кога ќе бидат објавени и цените.